Кариерен Центар Семос Едукација

Осмислување и реализација на кампања

Основната цел на кампањата ”Perfect Match” беше да се зголеми базата на потенцијални клиенти на Кариерниот центар на Семос. Во исто време сакавме да го привлечеме вниманието на пошироката јавност и запознавање со Кариерниот Центар Семос Едукација и услугите кои истиот ги нуди на компаниите во однос на регрутирањето на нов кадар, спроведуање на интервјуа, кариерен развој…

Останати цели и задачи:

  • Претставување на мисијата за долгорочна соработка помеѓу центарот, кандидатите и компаниите во однос на советување, консултации, доедукација и сл. и допир до нова потенцијална целна група за Кариерниот центар;
  • Истакнување на успешните приказни за успешно вработени кандидати, задоволни компании од изборот на кандидатот, достигнувања на кандидатите и компаниите и сл.;
  • Истакнување на понудите кои ги нуди центарот на компаниите кои се во потрага по соодветен кадар.

Пронајдете го совршениот спој за

Кампањата започна на неколку таргетирани веб портали со анимирани веб банери како и на Facebook со спонзорирани гиф анимации на кои пишуваше “Во потрага по совршениот спој?” и хаштаг #совршенспој. Овие постови имаа функција на тизери и траеа пет дена.

Анимациите беа илустрација на нешта кои добро одат заедно (две слагалки, сол/бибер, филм/пуканки, дожд/чадор, грнче и капаче 🙂 )

Со клик на банерите / линкот во анимациите објавени на Facebook посетителите беа однесени до едноставен формулар кој беше потребно да го пополнат со свои контакт информации.

Како канали за комуникација беа искористени Facebook, Веб портали (fakulteti.mk, biznisvesti.mk, kapital.mk) и Newsletter.

На релевантни веб страни и портали беа поставени веб банери со слоганот “Во потрага по совршен спој”. Како и објава на еден ПР текст и едно интервју со цел заинтересираните да се запознаат подобро со работата на Кариерниот Центар, како и да се информираат и да се приклучат на тековната кампања.

CLIENT

  • Swisscontact for SEMOS Career Center

PURPOSE

  • Design & realization of campaign "The perfect Match"