На 14-ти април во Тренд Гастро Бар беше организирана свечена промоција на PSS Racing Team, Виктор Давидовски и новото возило Honda Civic Type R, а со тоа започна новата приказна во македонскиот спортски автомобилизам. Покрај одбележувањето на 20 годишнината од постоењето на PSS Racing Team, на свечената промоција вљубениците во автомобилизмот, големите брзини и адреналинот имаа можност одблизу да ја видат моќната машина на новото возило Honda Civic Type R со кое Давидовски ќе настапува на тркачките патеки ширум Европа, рамо до рамо со етаблираните европски тимови.