#ЕДЕНПОИНАКОВВИКЕНД
На Fashion & Lifestyle Expo 2016 врвниот дизајн, модата, технологијата и добриот вкус се споија на едно место!
Конечно настан со нов лик во градот – на 18-20.03.2016 се одржа првиот до сега Lifestyle event со намера да понуди 360° поглед кон она што се нарекува животен стил, притоа создавајќи приказна раскажана низ повеќе различни аспекти на модерното живеење и славејќи го визионерството во секојдневните одлуки на обичниот човек. На овој настан посетителите имаа можност од близу да ги погледнат последните модни трендови и новитетите во областа на технологијата, автомобилизмот, внатрешното уредување и дизајн, дизајнерски накит и часовници, храна и пијалаци, како и многу други области, проследени со одлична музичка и шоу програма.