На 22-23.09 се случи четврто издание од настанот Health, Fitness & Wellness Expo во Скопје. Настанот прерасна во најголемиот настан за здрав и активен животен стил со веќе утврдена традиција. Програмата изобилуваше со отворени активности, од вежбање, до приготвување на здрава храна, масажи, боречки вештини, нутриционизам и суплементи, стручни докторски совети за здрав животен стил и многу други содржини. Детското катче со опуштена и пријатна атмосфера, учевме за здрава храна за деца, спортски и рекреативни активности, играчки, и многу други активности. Игравме народна, селектиравме отпад за рециклирање, уживавме во содржините кои ни ги приготвија околу 50 учесници на настанот. За прв пат во Македонија во беспрекорна организација низ соработка на Моментум и Champions House се одржа и прв меѓународен Street Workout натпревар кој ги примами и задржа посетителите низ импресивна демонстрација на физичка и психичка подготвеност на сите фантастични учесници. Имавме можност да посведочиме за развојот на еден млад македонски талент во Slackline – Филип Петрески, благодарение на Sport Inn и нивната несебична поддршка и поттик во усовршувањето во оваа дисциплина. Публиката беше одушевена од големото Slackline шоу, а со голема гордост можеме да кажеме дека имаме талент кој може да застане рамо до рамо со светските pro-rider-и! Ви благодариме, Gibbon Slacklines Macedonia!
Health, Fitness & Wellness Expo ’18
22-23 септември 2018 | Спортски терени "Работнички"