За прв пат кај нас – саем за воннаставни програми и активности за деца и млади, насловен како „После часови“. Настанот опфати голем број на области – од уметност, спорт, музика, танц, ликовна уметност, пеење, едукативни центри и програми, изучување на странски јазици, училишен прибор и реквизити итн..
На самиот почеток на учебната година, настанот им олесни на сите млади родители кои можеа да се информираат од прва рака за повеќе од 50 програми кои се нудат кај нас, а можеа да искористат и промотивни цени со големи попусти! Секако, настанот цели и низ директно доживување и искуство да им доближи на сите деца што точно значи секоја област, да ги погледнат во живо реквизитите за спорт, танц, итн, да пробаат демонстрација од секоја област, бидеќи ретко кога децата имаат прилика да пробаат СЕ и самите да покажат кон што имаат афинитет, што им се допаѓа и во што се добри.