Асоцијацијата за туристички водичи на Македонија заедно со швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) организираа обуки за интензивно учење на странски јазици кои беа наменети за туристички водичи.
Организирани беа интензивни курсеви за изучување на француски, германски, италијански, шпански, полски и холандски јазик кои се одржуваа во Скопје и Охрид.
Целта на оваа кампања беше да се допре до што повеќе заинтересирани туристички водичи и туристички агенции кои со пријавување на овие курсеви имаа можност да научат странски јазик за краток временски период и со одлични попусти.
За потребите на кампањата беа изработени анимирани веб банери кои ги отсликуваа двата најважи елемента за овие обуки и оваа кампања (јазиците кои се изучуваа и фактот што тие беа наменети за туристички водичи). Веб банерите беа поставени на релеванти веб портали, заедно со објава на ПР текст за важноста на овие обуки. Низ целиот град, на претходно утврдени локации, беа поставени и постери со информации за обуките.