МАЖИ НА ГОДИНАТА e настан кој цели да ги обедини и поврзе на едно место најуспешните мажи во Македонија, како и да ги мотивира да создаваат и да бидат успешни, да ги поттикне кон повисоки резултати кои ќе го подигнат квалитетот на живот, истовремено оставајќи позитивна слика во домашната бизнис заедница.
На настанот ќе бидат доделени награди на 10 најуспешни мажи за 2018 година во десет категории и тоа: Менаџер на годината, Млад менаџер на годината, Признание за трајни вредности, Признание за најголем придонес во културата, Признание за најголем придонес во спортот, Признание за најголем придонес кон општеството, Странец – маж на годината, Најдобар стил, како и Маж на годината избран од јавноста – преку предлози и гласање на социјалните мрежи и десеттата категорија – Маж на годината замислено е да претставува спој на разноврсни квалитети, активности и придонеси во повеќе области.
Одлуката за тоа кој маж е најзаслужен да добие награда во соодветна категорија е во рацете на стручното жири, составено од еминентни лица и институции кои се проминентни фигури во своите дејности и вистински професионалци во својата работа. Советодавното тело на MOTY брои над 22 членови.