Nutri Facts

Ајде да одбереме овошје на месецот.

За нас, тоа ќе биде: Банана. Зошто?

Woman-eating-healthy

Една од главните придобивки од високата содржина на калиум во бананата произлегува од улогата на минералот како електролит кој снабдува со енергија. Бидејќи бананите содржат и високо ниво на серотонин, таа помага во спречувањето на депресивни чувства, додека ги зголемува чувствата на благосостојба и релаксација. Освен тоа, витаминот Б6 во бананата штити против сонливост, промени во расположението, и иритација. Сепак, во помодерните истражувања се повеќе слушаме за штетните ефекти на фруктозата, која е прост шеќер кој се содржи во скоро сите овошја. И покрај општо познатите факти за влијанијата на простите шеќери врз организмот, често (и со причина!) не можеме да процениме што е погрешно а што е правилно кога станува збор за правилната исхрана!

Погрешно Правилно
Јаглехидрати, особено шеќери, се главната причина за дебелеење Јадење повеќе калории отколку што ќе потрошите предизвикува накачување на телесна тежина. Не е важно од каде доаѓаат овие калории, кога е тежината во прашање. Луѓето кои имаат проблеми со тежината најчесто имаат проблем со внесување преголеми количини маснотии, а не претерано консумирање на шеќери.
Само рафиниран шеќер предизвикува кариес Рафинираниот шеќер е водечка причина за расипување на забите, но шеќерите како фруктоза во овошјето и лактоза во млекото исто така ја предизвикуваат оваа состојба. Фактор кој може да го занемарите е тоа колку е леплива храната, затоа што лепливата храна подолго останува на забите, па предизвикува повеќе штета.
Шеќерот во овошјето е добар, шеќерот во слатките е лош Шеќерот во најмногу овошја е фруктоза, кој има само малку предности наспроти сахарозата, која се наоѓа во слатките.  Па така и не прави голема разлика дали користите шеќер, или овошен засладувач.
Медот и кафеавиот шеќер се поздрави од обичниот бел шеќер Ниту едно од овие не нуди значајни нутриционистички предности.

Сигурно сте слушнале за: Серотонин – фактор на добро расположение!

Невро-трансмитерите (серотонин, допамин и норадреналин) се супстанци кои природно се наоѓаат во телото, и помагаат да се воспостави хемиска врска меѓу разните неврони во вашиот мозок. Присуството на серотонинот ја подобрува врската меѓу невроните во мозокот, го регулира сонот, и создава чувство на благосостојба и среќа. Серотонинот е причина за доброто расположение, генерално. Недостатокот на серотонин може да доведе до различни проблеми, како несоница, агресија, анксиозност и депресија, а може да го зголеми и апетитот за јаглехидрати.

Запамтете:

eat-good-feel-good-pubslush