Revitalize post-summer

ОК, да бидеме реални: летото заврши, беше забавно, но релаксацијата на плажа и бронзениот тен си имаат своја цена. На крајот на летната сезона нашите тела практично нé молат за малку ревитализација. Следете ги овие чекори за да направите своја индивидуална дневна рутина и пречекајте ја есента со свеж изглед и state of mine.

  1. Водата прави чуда!
    Дневната количина која треба да ја конзумирате е два до три литри на свежа вода. Водата е основна за хидратација на телото. По само една недела затегнатоста на кожата веќе ќе почне да се намалува и ќе почнете да ја чувствувате свежината на вашето тело. Долгата коса која е веќе оштетена од јакото сонце и морската сол за жал нема да може да се ревитализира само со конзумирање на вода, но новата коса која набргу ќе почне да расте, секако ќе блеска од благодетите на водата.
  1. Негувајте го лицето по изложеноста на сонце
    Можеби одморот на плажа заврши за вас, но тоа не значи дека треба целосно да ги отфрлите средствата со заштитен фактор. Сонцето и на крајот на летото е доволно јако за на вашиот изглед да му даде неколку години плус. Кон крајот на летото, организмот е веќе заситен од витаминот Д и за разлика од телото кое во урбани услови е соодветно покриено, лицето е се уште изложено на сончевите зраци, кои наместо бронзен тен можат да му подарат темен, безличен изглен, полн со бори. За да ја намалите сувоста и затегнатоста на кожата на лицето, направете си дневна рутина на негување на лицето според вашите потреби. Во овој период од годината најдобро е да употребувате производи за uneven skin tone или хиперпигментација како резултат на изложеност на сонце. А на испуканите усни нанесете мед и оставете да се исуши пред да го излижете.
  1. Негативноста на сончевите зраци веројатно најмногу се познава на косата.
    Долгата и фарбана коса особено може да стане кршлива и сува, но и природната, претходно неоштетена коса, не е поштедена. По завршувањето на летната сезона, најдобро е да го посетите вашиот фризер и да ја скратите косата барем неколку сантиметри со што ќе отпадне најстариот дел од косата. Многу е веројатно дека обоената коса ќе ја смени бојата под влијание на сончевите зраци, па пред да нанесете било каков третман за хидратација и освежување, најдобро е најпрвин да ја офарбате. Во наредните неколку недели користете масла или маски за хидратација после секое миење, а потоа раз
    редете го третманот на еднаш неделно.
  1. Не заборавајте ги стапалата!
    По долгите денови поминати во апостолки и отворени сандали, стапалата стануваат суви, тврди и испукани. При секое туширање користете камен или соодветно средство за отстранување на сувата кожа и омекнување на кожата на петите и табаните, а по туширањето нанесете дебел слој вазелин и облечете памучни чорапи. Само по неколку часа од првиот третман, ќе чувствувате огромно олеснување и свежина.
  1. Одржувањето е клучно!
    Сега откога се чувствувате освежено, дајте си ветување самите себе си дека ќе продолжите со негата во текот на целата година. Дури и да имате време само еднаш месечно да си посветите внимание, вметнете ги овие совети во вашата рутина. Вашиот труд секако ќе се исплати и ќе бидете подготвени да зачекорите во следната летна сезона.

images