Overeating? This is what happens next.

stop-overeating

Петок е, викендот е пред нас. Сите сакаме да се опуштиме, а тоа често подразбира „опуштање“ и на масата. Неколку “cheat days” се дозволени, но без претерување. Пријателско предупредување: ова е тоа што му се случува на вашето тело откако ќе се прејадете.

Во првата минута

  • Дигестивниот процес започнува уште во устата. Дури и кога само ќе видите, помирисате, или вкусите храна, плунковните жлезди лачат плунка, која содржи голем број ензими. Нивната улога е да почнат да ги разградуваат скробот и простите шеќери уште додека се наоѓаат во усната шуплина.
  • Во првата минута сетилото за вкус испраќа сигнали на задоволство до мозокот, па така, бараме повеќе и повеќе храна.

Во првите 5 минути

  • Ако внесувате големи количества одеднаш, вашиот стомак почнува хиперактивно да лачи дигестивни сокови и хлороводородна киселина. Се јавуваат перисталтични контракции кои имаат цел да ја пренесат храната до тенкото црево. Најголем дел од разградувањето на храната и апсорпцијата на хранливите состојки се случува токму таму, во тенкото црево, од каде хранливите состојки се испраќаат во крвотокот.

За 15 минути

  • Долгиот оброк не е никаков фактор за прејадување, напротив, првите 15 минути се најризични, и постојат најголеми шанси да се прејадете. Ова е вака бидејќи првиот сигнал дека сте прејадени е одложен, и до мозокот ќе стигне околу 15 минути откако ќе започнете со јадење. Големи се шансите дека ние до тогаш сме изеле сè што ни беше сервирано во чинијата. Затоа, нутриционистите секогаш советуваат да јадеме бавно, за да му оставиме простор на дигестивниот систем да го информира мозокот кога всушност ни е доста.

Во текот на првиот час

  • Разградените јаглеродни хидрати нè снабдуваат со гликоза, сложен шеќер кој е основен извор на енергија за нашето тело. Инсулинот пак, е хормон кој му помага на телото да ја искористи гликозата. Во нормални услови нивото на инсулин благо се покачува во текот на првиот час откако јадеме, со цел да го регулира нивото на гликоза, и да спречи нејзино накачување. Но, ако сте претерале со јадењето, а особено со десертот (прости шеќери) значајно го заморувате панкреасот кој ќе треба да лачи инсулин во зголемена мера, за да го регулира вишокот гликоза во крвта.

По 1 час

  • Се чувствувате поспано? Првата причина може да биде храната која содржи триптофан– амино киселина која телото ја претвора во серотонин, а тој пак поттикнува сон. Но втората и поверојатна причина е полниот стомак – сигналите испратени до мозокот кои велат дека храната треба да се свари, па затоа, мозокот целата слободна енергија ја насочува кон дигестија.
  • Болките во стомакот најверојатно ќе се појават по првиот час. Сега вашиот стомак е надуен како балон, па притиска врз околните органи, поради што најверојатно чувствувате благи (или посериозни) болки.

По 2 часа

  • Доколку јадевте во нормални количини, два часа по оброкот најверојатно вашиот стомак ќе беше испразнет и вратен во нормала. Но, ако се прејадовте и внесовте два или три пати повеќе од потребното количество, вишокот ќе се складира како триглицериди и масни келии околу бутините, задникот, и стомакот. Запомнете, прејадувањето (и брзото јадење!) е водечка причина за дебелина, па воздржете се, и забавете следниот пат кога ќе дојдете до вашиот омилен оброк.

Во секоја смисла, уживајте во викендот и сите удобности кои ги нуди. Само… Забавете со јадењето;)

На здравје!

AmyEWilsontablesetting