Monday again? Here are 5 ways to relax this week
As promised, секој понеделник 5 нови техники за опуштање пократки од 5 минути.
Па ајде да почнеме:
- Понеделник: Ароматерапија
Одредени мириси можат да го променат нашето моментално расположение. Не мора да купувате специјални есенцијални масла или миризливи свеќи. Еве три наши предлози мириси кои лесно ќе ги најдете. Цитрус – нека ви биде навика секое утро да го започнете со млака чаша вода во која ќе исцедите неколку капки лимон. Освен што рецептот е задолжителен за утринско „чистење“ на организмот, аромата на лимонот или било кое цитрусно овошје уште рано изутрина благотворно ќе ви влијае и ќе го намали стресот. Цвеќе – освен оние дома, можете да чувате едно и во канцеларија. Ќе го оплемени просторот, а и аромата секојдневно ќе ве релаксира. И веројатно најпрактичното од сите – кафе. Миризбата на кафето може да го намали стресот и без воопшто да го конзумирате.
- Вторник: Зелен чај
Утрово заменете го кафето со зелен чај. Сигурни сме дека сте прочитале 1001 придобивки од конзумирање на зелен чај. Една од нив е тоа што е извор на Л-Теанин, супстанца која помага при ослободување од стресот.
- Среда: Повторно заслуживте нешто слатко 🙂
Велат среда е среќен ден, па ете, ќе го посветиме на слатки задоволства. Важно е внимателно да се одбере, нели. Препорачуваме еден ред црно чоколадо. Тоа е и повеќе од доволно за да ги смири нервите. Темното чоколадо го стабилизира метаболизмот и го регулиранивото нивото на кортизолот, хормонот на стрес.
- Четврток: Броите наназад
Стресот од работната недела веќе почнува да се насобира. Ако се најдете во стресна ситуација, дишете длабоко, и почнете многу полека да броите до 10, а потоа наназад. Ова ќе ви даде време да ги оттргнете мислите од она што ве вознемирило, ќе ја забави вашата (веројатно) емотивна реакција, и ќе ви даде време да размислите. Сетете се – ако проблемот има решение, веројатно не треба да се грижите за него. Ако нема, и нема баш што да направите околу него – тогаш повторно, веројатно не треба да се грижите за него.
- Петок: Магична перница
Кога конечно ќе се повлечете дома, одвоите 5 минути за да легнете и да ја пробате оваа техника на креативна визуелизација. Поставете ја главата на перница, затворете ги очите и замислете дека перницата е сунѓер кој ги вшмукува сите ваши грижи. Опуштете се додека го правите тоа и вистински замислете и почувствувајте како вашиот мозок станува полесен. Отворете ги очите, и спремни сте за викенд. 🙂