Monday already? Here are 5 ways to relax this week

relax_by_marustagram-d6oo2zl

Почнуваме понеделнички, а сите знаеме каков ден знае да биде понеделник.

Кога ви се чини дека неделата ќе трае еден месец, а петок е мнооогу далеку, важно е да знаете да се опуштите. Затоа, секој понеделник ќе споделуваме 5 техники за ослободување од стресот за помалку од 5 минути…. За секој работен ден по една.

Почнуваме овде:

  1. Понеделник: Разладете се

Освен што сте под стрес, веќе сериозно се чувствува летото. Нема потреба да се зачленувате на базен (иако и пливањето има свои придобивки, за тоа подоцна), оваа техника ќе ве разлади но и ќе ве олабави од стресот. Навлажнете ги глуждовите на рацете, а ако можете и на нозете со студена вода. Дланките можете целосно да ги ставите под млаз на ладна вода, а глуждовите навлажнете ги со влажна крпа (или обична хартија). Истото направете го и позади ушните школки. На овие места, многу плитко под површинскиот слој на кожата циркулираат многу важни артреии, па со нивното разладување влијаете на смирување на целото тело.

  1. Вторник: Дишете

Бавни, длабоки воздивнувања можат да помогнат во намалување на крвниот притисок и пулсот. Препорачуваме: испробајте ја пранајама техниката на дишење. Ова е јога метод на контролирано дишење односно контролирање на здивот кое придонесува кон ослободување од стрес. Техниката влијае на балансирање на телото и умот.

  1. Среда: Заслуживте нешто слатко

Слаткото не е забрането. Само треба да знаете да одберете правилно. Лажица мед, на пример, покрај тоа што е природен антибиотик и освежувач на кожата, ги намалува воспаленијата, а ги намалува и симптомите на депресија и акциозност. Една шоља млеко со мед и цимет е нашиот рецепт за полесно заспивање и подобар сон.

  1. Четврток: Бесплатна масажа

Имате топче за тенис или голф? По работниот ден, одвојте 5 минути за масажа на стапалата и тоа со едноставно триење на стапалата напред – назад врз вакво топче. Освен што поднесуваат голема тежина и напор во текот на денот, на стапалата се лоцирани огромен број на нервни завршетоци, како и акупунктурни и акупресурни точки. Бонус: научете ги најважните рефлексолошки и акупунктурни точки.

  1. Петок: Смејте се

Еден налет на хистерично смеење значително ја зголемува циркулацијата на крвта а го подобрува и имунитетот и општото здравје. Звучи клише, а и не секогаш ви е до смеење? Едноставно отворете смешно видео на јутуб. Бонус: зашто да НЕ носите штикли на лента за трчање.

just-relax-87295