It’s M-day! It’s massage day!

Како што растат температурите, така расте и потребата да се најдете на песочна плажа во опуштена и релаксирачка атмосфера и да побегнете од секојдневните обврски и проблеми.

Бидејќи не секогаш нашите желби и потреби кореспондираат со можностите, релаксирањето на плажа често пати останува само во нашите мечти.

Сепак, не треба да ги забораваме останатите методи и начини, преку кои на нашето тело и дух можеме да им го дадеме релаксирачкиот третман кој им е потребен.

Салоните за масажа и СПА и центрите за рехабилитација се дефинитивно местата каде што ќе можете да побегнете од секојдневниот стрес и брзото темпо на живеење, а како наши фаворити ги издвојуваме и ви ги препорачуваме Aseana Royal Spa и Центарот за рехабилитација “Свети Јован”.


Aseana Royal Spa,

ви нуди освежувачка оаза, каде што можете да ги искусите древните ритуали на јаванската филозофија за убавина “Рупасампат Вахјабјантара“, која во превод значи: рамнотежата на внатрешната и надворешната убавина создава природна убавина.

13563235_10154334074390798_759630628_n

Во Aseana Royal Spa можете целосно да се опуштите и вистински да ја почувствувате спа културата од Бали и стариот индонезиски фолклор, според кој во безвременските ритуали за убавина и традиционалното капење се крие тајната за убавината на Деви Сри – божицата на плодноста и просперитетот.

Овој СПА центар има холистички пристап во кој се користат повеќевековните традиционални методи за убавина и здравје и се применуваат во текот на човековиот животен циклус.

13530338_10154334074835798_467865472_n

Од бројните третмани и услуги кои ги нуди Aseana Royal Spa ја издвоивме Бали Спа масажата, која претставува еден од најстарите традиционални третмани во светот и кој се смета за мајка на традиционалните индиски и кинески третмани. Овој третман има своја филозофија, а овозможува релаксирање и враќање на енергијата истовремено на телото, духот и умот.

13515268_10154334074860798_843701290_n
За овој третман се користат ароматски производи кои ја стимулираат циркулацијата и го освежуваат телото и духот.

Чекорите за овој третман се ритуал, хидрофил и масажа и туж, а целиот третман трае 1 час.

Повеќе за улугите на Aseana Royal Spa можете да погледнете тука.


Центар за рехабилитација “Свети Јован”

Модерното, брзо темпо на живеење, покрај секојдневниот стрес и напнатост, често пати со себе носи и хронична болка во различни предели во нашето тело. Долгото и неправилно седење и држење на телото, како и несаканите повреди, предизвикуваат болки кои не секогаш успеваме успешно да ги отстраниме со лекарства, терапии и сл., а доста често и ги игнорираме, занемаруваме.

11174850_415290458642816_7350285548844190990_n

МиоПунктурата – нова дијагностична и терапевтска стратегија за лечењето на тешките моторни нарушувања и хронична мускулноскелетна болка, која ви е достапна во Центарот за рехабилитација “Свети Јован”.

Современото човештво страда од различни сериозни болести кои убиваат за кратко време и со кои медицината сеуште е немоќна да се справи. Но има и други здравствени проблеми, не толку драматични како прогноза но исцрпувачки како одвивање – на сериозен патофизиолошки феномен – болката – и тоа овој вид на хронична болка која е перзистентна со години.

12079651_475604292611432_5621228007803701631_n

МИОПУНКТУРАТА е модерен дијагностичен и терапевдски акупунктурен систем кој со долги и тенки игли со помошта на специјален инжектор, се воведуваат во телото. На овој начин, преку намалувањето на нивниот тонус и патолошки контрактури, се постигнува декомпресија на чувствителните и добро заштитените нерви и се создаваат услови за излекување. Со можноста да се достигнат и терапевдски да се влијае на најдлабоките структури во телото, миопунктурата, со својата ефикасност, може да се спореди со оперативната хирургија.

12109308_475604939278034_109618718614704300_n

Повеќе за Миопунктурата и останатите услуги на Центарот за рехабилитација “Свети Јован” можете да погледнете на нивната Facebook страна.

Негувајте ги вашето здравје, тело и дух и препуштете им се на професионалните тимови на Aseana Royal Spa и Центарот за рехабилитација “Свети Јован”. Закажете го вашиот третман или консултации и ослободете се од стресот, напнатоста и болките кои ви ги предизвикува брзото темпо на живеење.