FIBO Day 3 & 4: Feels like home
Дојде и крајот на FIBO.
Најверојатно зашто добро се забавувавме, а и зашто имаше тоооолку многу што да се види и да се прави, времето ни помина повеќе од брзо.
Третиот ден, веќе добро запознаени со содржините на настанот го искористивме за уште еднаш да „си ги повториме“ нештата, а четвртиот некако заслужено се „опуштивме“ се подновивме со спортска опрема (со овој избор, потребен ви е цел ден само за да разгледате што се има во понуда).
По цели четири дена поминати на настанот, на Köln Messe/Deutz се чувствувавме како дома. Но не би рекле дека е до локацијата или до поминатото време; туку до високата енергија, убавите луѓе и позитивната тема – здрав животен стил.
Сумирање на впечатоците допрва ќе следи, а во меѓувреме, можеби најдобар начин да ви доловиме дел од атмосферата – селекција на видео (+ фотки).