FIBO Day 2: Things are getting serious
FIBO ден 2.
Цврсто одлучни да го поминеме остатокот од преполните хали на FIBO го започнавме и вториот ден од нашата посета таму.
За денес на списокот беа FIBO EXPERT и FIBO POWER, и навистина, нештата во овие хали стануваат прилично сериозни. Најдобрите производители, дистрибутери и професионалци во областа на фитнесот и велнесот можете да ги видите во овие хали. Се чувствува желбата за натпревар и меѓу нив, па така навистина се вложуваат сите напори во опремувањето на просторот, избор на доминантна позиција, како и беспрекорно организирани активности со огромни групи на фитнес професионалци кои од демонстрацијата на производите знаат да направат вистински спектакл и шоу.
Кај велнес делот преовладува мирна и смирувачка атмосфера, ќе ве изненадат бројноста и варијациите на програми и опрема за масажа, рехабилитација, спа. Хидро масажите очигледно добиваат на популарност, а ние си ветивме дека денес ќе пробаме барем една од многуте понудени опции 😉
На FIBO POWER, најсилните од најсилните 🙂 Не сакате да се „закачате“ со овие момци и девојки 🙂
Во овој дел преовладуваат професионалци од боди билдингот, производители и дистрибутери на суплементи, а впечатливо е и гостувањето на голем број светски познати фитнес модели и боди билдери (ако видите ред, најверојатно е за сликање со некој од нив).
Во недостаток на време за подобро објаснување, ве оставаме со фотките од вчера.
Продолжуваме, денес е ден 3.