Spring is coming, so are the allergies!

Време е за пролетно будење!

Пролетта и топлото сонце веќе не’ мамат за долги прошетки во природа, outdoor рекреирање и спортување, но и секојдневно пешачење од точка А до точка Б во текот на денот.

И сето тоа би било уште попријатно и би причинувало уште поголемо задоволство, доколку не беа досадните пролетни алергии, кои засегаат се поголем број на луѓе. Симптомите се најчесто кивање, солзење на очите и гребење на грлото и тоа со доволно голем интензитет за секое излегување надвор да биде вистински проблем.

За поленот да не биде вашиот Бр. 1 непријател, а и за да ги избегнете лекарствата (освен ако не се неопходни), пробајте некои од овие природни препарати кои навистина можат да го намалат или целосно решат овој проблем.


Чај од коприва

Време е бодликавата коприва од која најчесто се плашиме, да стане наш сојузник во борбата против пролетните алергии. Чајот од коприва навистина помага при чешање и солзење на очите и при гребење на грлото.

Напомена: Доколку веќе пиете било какви лекарства, пред конзумирање на овој чај консултирајте се со вашиот лекар.

KOpriva 1

 

  • За подготовка на чајот од коприва потребни ви се листови коприва со што помали дршки. Една шоља коприва додајте во две шољи зовриена вода. Оставете го да отстои и процедете го. Засладете го по желба.
  • За љубопитните кулинари издвојуваме и неколку рецепти за приготвување јадења со коприва.

 

Инхалација со нане

Лековитите својства на нането ни се добро познати на сите, но можеби не сте знаеле или пак сте заборавиле, дека нането ги олеснува проблемите со дишнните патишта и при алергии.

steam

  • Освен како чај, нането може да се користи и за инхалација. Во подлабок сад ставете претходно сварен чај од нане. Покријте се со поголем пешкир преку главата, а лицето одалечете го 30 сантиметри од садот. Доколку имате проблеми со горните дишни патишта дишете на нос, а доколку проблемот е со долните дишни патишта, дишете преку уста. Инхалацијата не треба да трае повеќе од 15 минути, а можете да ја повторувате повеќе пати во текот на денот.

 

Чај од мајчина душица

Чајот од мајчина душица со своето антивоспаителното и антимокробното дејство помага при кашлање, гушење и воспаление на грлото и дишните патишта.

454953825_XS

  • Една супена лажица чај од мајчина душица прелијте ја со 250 ml зовриена вода и оставете да отстои 15 минути. Чајот се пие исклучиво топол, можете да го засладите по желба со мед. Конзумирајте го полека во голтки, а дневно можете да пиете 3-4 шољи.

 

Камилица

За сувите очи и очите што печат, солзат и чешаат, антивоспалителното својство на камилицата ќе ги смири и намали иритациите.

Kamilica

  • Сварете две вреќички чај од камилица, процедете ги и оставете ги малку да се оладат. Потоа ставете ги на очните капаци и држете ги така 3-4 минути. Повторете ја постапката неколку пати во текот на денот.

 

Мед и ѓумбир

Дури и лажица мед ќе ви помогне при кашлица и гребење на грлото. Но, во комбинација со чај од ѓумбир резултатите се уште подобри.

20-Folk-Remedy-Old-Woman-Tells-all-medicine-that-helped-her-cure-cancer-1

  • Во топла вода ставете 5 грама свеж, рендан ѓумбир и варете го десетина минути. Процедете го и засладете го со лажица мед.

 

Лута пиперка

Лутата пиперка е богата со биофлавоноиди кои ги ублажуваат хемикалиите како хистаминот и кверцетинот, кои предизвикуваат воспаленија и алергиски симптоми. Па затоа потрудете се да ја внесувате во секојдневната исхрана, дури и како зачин.

0,,16412402_304,00

 

Уживајте во пролетта! 🙂